Моника Ристеска вчера попладне беше изведена пред судија во Основниот суд Куманово, кој го прифати предлогот на дежурниот Јавен обвинител и и одреди триесетдневен притвор.

Таа беше приведена на улица во Куманово, по што е извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово и се пронајдени околу пет грама канабис.

Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината.

Во меѓувреме, беше ојавен разговор на пратеникот Павле Богоевски кој нарачува пола за 2.500 денари. Тоиј отиде во полициска станица и го пријави непознатиот сторител кој го снимил. А дали ќе се поведе постапка од каде тој напавува половина доза, па макар се работи и за масло од канабис?! Ќе го открие ли идентитетот на трговецот од кој нарачува половина доза?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.