На социјалните мрежи попладнево повторно се појавија фотографии од организиран поткуп, а овој пат во Демир Хисар.

Станува збор за поткуп со дрва врз членовите на одредена политичка партија.

„Ниедно дрво печат нема, уништени прореди во Обедник, Смилево…

Дали мислите дека со тоа ќе го купите народот кој ја зема работата во свои раце и враќање нема?!?

Дали и од шумите сакате да направите тоа што го направивте со акумулациите? Со јагленот со струјата??

Директорчиња на македонски шуми и шумска полиција… локални профитерчиња од Демир Хисар – заборавате ли дека од понеделник ќе изгрее сонце, а вие имате статус на лилјаци??“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.