Донациите ќе стигнат но донесовме одлука како Влада да си купиме 50, имаме на две места по десет донации, објаснува лидерот на СДСМ, Зоран Заев околу тоа дали ќе пристигнат респираторите кои се заглавени во Турција. Тој најави дека 50 респиратори ќе бидат купени од Израел.

Цените на пазарот се движат од 25 па до 40.000 евра зависи како ќе ги најдете. Но донесена е одлуката за 50 респиратори за 1250000 евра е донесена одлука.Министерството има свои средства и директно ќе ги купиме-објасни Заев во „Само интервју“.

Toj вели дека не е загрижен од високата цена од 25.000 евра за еден респиратор бидејќи се било транспарентно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.