Три години го добиваме датумот за почеток на преговорите, но тој никако да дојде. Сме добиле, не сме добиле, па селфиња, па лајкови, па прослави за на крајот, овој ноември да го „боли и кине“.

Но, не само што Заев лажеше за датумот што сме го добиле на куково лето, излажа и за гаранциите кои наводно му ги дала Европската унија, зашто тој така ѝ побарал.

На седницата на Европскиот совет во јуни во закучокот за Македонија стоеше дека на прашањето за преговори ќе се навратат во октомври, но немаше никакво ветување дека тоа ќе се случи. Но Владата се обиде тоа да го претстави како загарантиран датум.

Октомври ќе биде октомври. Таму стои „не подоцна од октомври“. Ја добивме писмено формално-правната гаранција, зборуваше Заев во јуни откако Европскиот совет ја одложи одлуката за датум за неколку месеци.

Во октомври кога веќе беше јасно оти датум нема, Заев не можеше да се сети дека изјавил оти постојат писмени гаранции.

Јас сум изјавил дека има писмени гаранции?! Ако сум зборувал за нешто писмено е тоа што писмено е вградено во договорот од Преспа, каде што се поглавјата, тука е Европа вградена затоа што таа учествуваше со нас, изјави премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.