На вчерашната 8. владина седница, покрај текстот на Предлог-законот за јавното обвинителство, утврден е и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Македонија, кој исто така на Собранието му се предлага да биде усвоен по скратена постапка.

Целта на предложените измени и дополнувања е да се обезбеди правна рамка за независен, поактивен и влијателен Совет на јавни обвинителисо посилна улога во спроведувањето на обвинителската слобода на одлучување, се вели во владиното соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.