Капитулантскиот Договор од Преспа и промената на името нема да донесат датум за преговори со ЕУ, за тоа треба реформи и работа. Тоа не се случи зошто ја имаме најнеспособната влада, истакна синоќа Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ во своето гостувањето на 1ТВ.

И лидерот Киријакос Мицотакис, кој веројатно ќе добие на изборите во Грција, рече дека една од работите е отворање на Договорот од Преспа и ако има такво нешто ќе седнеме на иста маса, зошто и Христијан Мицкоски ќе ја формира новата влада во Македонија, рече Јанушев.

Генералниот секретар укажа дека за ВМРО-ДПМНЕ секогаш приоритет било членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

Позитивен момент во реформите има само во делот во кој учествуваше ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е така зошто сме решени да бидеме дел од реформскиот процес, и претседателот Мицкоски кажа дека има подготвеност да се помогне на тој пат. Но, и по десеттина дена нема никаква реакција од Владата и од СДСМ, рече Јанушев потенцирајќи „ракавицата е фрлена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.