Во видеообраќањето претседателот на Македонија Стево Пендаровски дава дефиниција на оксиморон, смета професорката Билјана Ванковска.
Нејзиниот коментар се однесува на спојувањето на честитките „За многу години Илинден!“ и „Да ни е вечна и вековита Република Македонија!“.

Тие две работи не одат заедно! Ниту илинденците, ниту партизаните се бореле за нивната Северна, а како и се’ под сонцето, и Северна нема да биде вечна ниту вековита.
Оваа политички и морално корумпирана врхушка не може да ги узурпира ниту идеалите на предците, ниту тие на идните генерации. Нивниот Устав е климав и никако не е вечен. Северна ќе се стопи под жешкото сонце како топка мраз после летен порој со град.
Да живее Република Македонија, да живее македонскиот народ, пишува Ванковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.