Пратениците од тогашната опозиција „заборавиле“ што се случувало на 27 април 2017 година.Тоа може да се заклучи од денешното рочиште за случувањата во Собранието на кои како сведоци се пoјавија актуелни и поранешни пратеници на СДСМ.

Тие како да добиле колективна амнезија па се сеќава селективно или пак воопшто не можеа да се сетат како течел тој ден пред три години.

Па така поранешната пратеничка Татјана Прентовиќ беше изненадена дека се потпишала на барањето седницата на 27 април да продолжи следниот ден.

 

 

Градоначалникот на Струмица ,Коста Јаневски пак не беше сигурен дека седницата требало да продолжи следниот ден, ниту пак дека тоа е негов потпис.

Не ми личи на мој потпис но можно е да сум се потпишал-рече градоначалникот.

Тогашната пратеничка на ЛПД, Јулијана Николова пак дури и напомена дека имала дупка во меморијата за тој ден и дека за тоа поседува и медицинска белешка. Сепак за потписот се сети дека е нејзин.

Актуелниот пратеник на СДСМ, Диме Велковски пак за време на испрашувањето од страна на адвокатот Еленко Миланов најчесто не ги разбираше прашањата.

Сепак она што сите денешни пратеници го потврдија е дека тогашниот претседавач на Собранието Трајко Вељаноски не го прекршил Деловникот и дека на сите пријавени пратеници морал да им даде збор.

По подолго време на рочиштето се појави застапникот на обвинението Вилма Рускоска која има се помалку докази за делото за кое се теретат обвинетите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.