Најавата дека од следната учебна година во основното образование нема да се изучува предметот историја туку дека тој ќе спои со општествени науки министерството за образование сака да го прифаже како дел од „европските“ реофрми по теркот на Финска.

Но, причините за тоа се длабоко политички и служат за угодување на Бугарија за почеток на преговорите за членство. Бугарија бара да прифатиме дека до 1944 година македонската историја била бугарска. Згора на тоа, Советот на ЕУ денеска го прифати барањето на Бугариија во заклучоците да стои дека треба „да се стави крај на погрешното толкување на историја“.

Дека македонската историја е проблем за Бугарија премиерот Заев најави неодамна и во контроверзното интервју за „Канал 77“.

Тој рече дека бугарската страна инсистира таа да не се користи како во примерот, македонска историја, туку дека секаде треба да пишува историја на Република Македонија.

– Во меѓународна комуникација не може да се каже македонската Влада, туку може да се каже Владата на Македонија. Употребата на македонското, македонската, Mакедонецот, македонските или слично не е спорно, но проблем е и кога зборувате за македонските учебници, зборувате за македонската историја, кога зборувате за Македонски Брод. Значи они инсистираат да стои историјата на Република Македонија и секаде да стои така-објасни Заев, што сега стана вистина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.