Вечерва во емисија на Телевизија Клан гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека владата едиствено се фали дека Македонија е членка на НАТО, иако секојдневно државата тоне во корупција и има хибриден режим.

Тоа што Македонија е членка на НАТО не значи дека имаме функционален систем. Затоа што да речеме е прогласема за хибридна држава, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ако сте хибридна држава, а истовремено членка на НАТО не ве прави дека имате исклучително функционален правосуден систем.

Станавме членка на НАТО откако дадовме огромна жртва, национална. Која што не го направила ниту една држава во светот. Ние бевме против, но имаше политичари кои што мислеа дека тоа треба да го направат, и не се против таква жртва да дадат“, потсети Мицкоски.

Мицкоски истакна дека тоа е реалноста, поради оваа влада во Македонија има хибриден режим, земји во кои владее корупција нашата земја е меѓу првите. Граѓаните секојдневно гледаат „трас – трас“ одлуки во судството, има Луј Витон обвинители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.