Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН и посредник во грчко-македонските преговори, Метју Нимиц, преку писмено соопштение го поздрави изгласувањето на уставните амандмани во Парламентот, во согласност со Договорот од Преспа и очекува комплетирање на процесот.

Ги поздравувам финалните чекори преземени од Парламентот на поранешна југословенска Република Македонија во насока за имплементација на Договорот од Преспа.

Сакам да му честитам на Парламентот и на граѓаните за ова достигнување и за демократскиот начин на кој е изведен овој важен процес. Овој историски договор меѓу двата соседи ја отвора вратата за нов однос меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот.

Очекувам комплетирање на процесот како што е предвидено со Договорот”, пишува во изјавата од Нимиц.

Тој уште потсетува дека како и досега, Обединетите нации остануваат посветени на работењето со двете страни за конечно решавање на разликите меѓу нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.