Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу двете држави, изјавил медијаторот Метју Нимиц денеска во Њујорк, по средбата со грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.
„Како претставник на Обединетите нации подготвени сме да бидеме од помош како што процесот се предвижува напред“, рече Нимиц.
Тој нагласи дека во изминативе месеци бил во контакт со двете страни, но, одби да коментира за политичкиот процес што се одвива и во Македонија и во Грција, пренесе „Гласот на Америка“.
„Ако и двете страни имаат потреба од моја помош, Обединетите нации се подготвени да помогнат“, нагласи Нимиц.
Катругалос истакнал дека на средбата со Нимиц ја повторил „посветеноста на Грција на духот и на содржината на Договорот од Преспа, со предусловот што се подразбира, дека оваа посветеност е заемна и за другата страна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.