Мислам дека нема теоретска шанса власта да прифати предвремени парламентарни избори бидејќи ќе ги изгуби и тоа на еден катастрофален начин, а мора да има такви избори апсолутно, бидејќи се што е направено за нивниот мандат, особено околу овие капитулантски договори со Грција и Бугарија не беа во нивните предизборни ветувања, смета македонскиот дипломат и колумнист Ристо Никовски.

Тој во гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија додаде дека секоја партија има обврска да ја исполни изборната програма или ветувањата кои што ги дале на граѓаните, но надвор од тие ветувања како што направиле СДСМ и Заев, додавајќи дека тоа што СДСМ го направила е неоправдано.

Според него СДСМ мора да излезе на избори за да одлучат граѓаните дали СДСМ има поддршка и легитимитет од страна на народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.