Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 Декември, упати честитка до припадниците на турската заедница во Македонија.

Честитајќи ви го денешниот празник, сакам да го истакнам значењето на образувањето на мајчиниот јазик, кое е од особено значење за негувањето на обележјето на еден народ. Република Северна Македонија е еден живописен мозаик во кој живеат различни народи, со различни култури и јазици. И токму оддржувањето во живот на тие посебни обележја на различностите не прави нас како држава посебни. Живеејќи заедно, ја градиме нашата заедничка иднина на соживот, еднаквост и почит. Турската заедница е значаен дел од македонското мултиетничко општество кое се темели на доверба и заедништво. Затоа заеднички да продолжиме по патот кој оддамна заедно го одиме, заеднички да придонесуваме во градењето на просперитетна иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија, порача Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.