В петок на 27 декември СДСМ ќе го објави кандидатот за технички премиер, откако претходно одлуката ќе мине низ процедурите на Извршниот и Централениот одбор, а министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика Оливер Спасовски и Мила Царовска се меѓу кандидатите и тие имаат висок кредибилитет и кај граѓаните и кај членството. Ова денеска во интервју за Сител го изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој посочи дека се уште е во тек постапката за утврдување на кандидатот за технички премиер.

Постапката е во тек околу сите кандидати и сето она што СДСМ како владејачка партија треба да го предложи. Она што можам да го кажам е дека на 27 декември, петок, во 18 часот ќе биде закажан состанок на Централниот одбор. Пред тоа ќе заседава Извршниот одбор, што значи во петок на 27 декември ние ќе го утврдиме и објавиме и кандидатот за премиер но и останатите позиции коишто ќе бидат во новата влада од 3 јануари – рече Николовски.

Во врска објавите во медиумите дека во најтесниот круг за нов технички премиер се Спасовски и Царовска, Николовски посочи дека тие се едни од министрите со мошне висок кредибилитет.

Секако дека се едни од функционерите коишто согласно законот и договорот во овој период со самиот избор на нова влада тие две позиции на некој начин предмет на самиот Пржински договор и новата влада и се едни од двајцата министри со многу висок кредибилитет и меѓу граѓаните и меѓу членството и се партиски потпретседатели на партијата. Тие се едни од кандидатите, но постапката е во тек. Таа ќе финишира на 27 декември, следниот петок кога Централниот одбор согласно статутот на партијата треба да го утврди кандидатот – додаде Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.