Покажавме во овој период дека недопирливи нема и дека договор на СДСМ и на било кој од СДСМ со никој којшто се огрешил пред законот нема, истакна во Охрид на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Тој порача дека продолжува прочистувањето на судството, разрешувањето на нечесните, на оние на кои што не застануваат за законот, во судството ќе има место за сите оние што се чесни, за сите оние коишто носат, законски, праведни одлуки за сите граѓани.

Без разлика дали се политичари, од бизнис секторот, или се тајкуни, ако се огрешиле пред законот договор нема и само така можеме да ја вратиме довербата на младите, на граѓаните во системот во државата и во начинот на кој треба да функционира, порача од трибината „Најдоброто за нашата општина“ генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.