Драфт верзијата на Законот за потекло на имот е готова, специјализирано одделение во Управата за финансиска полицција ќе ја врши проверката на незаконски стекнаиот имот, ова го изјави заменикот-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во интервју во дневникот на телевизија Сител.

Вицепремиерот Николовски посочи дека Македонија е единствена земја во регионот која битката за корупцијата ја издигна на повисоко ниво, со подготвено законско решение и затоа доби поддршка од европските институции за борба против корупција Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC) во Виена и европската канцеларија за борба против измами (OLAF) во Брисел.

Вицепремиерот Николовски во интервјуто изјави дака законот ќе се однесува за сите граѓани со што се елиминираат слабостите на кривичните постапки.

Ова  особено важи за луѓе за кои велат ќе лежам во затвор и кога ќе излезам имотот ќе ми остане, со овој закон истиот во граѓанска брза постапка овој имот ќе биде конфискуван, а постапката ќе ја води Управата за финансиска полиција, за да нема формирање нови институции. Граѓаните треба да докажата каде има разлика од 30.000 евра неприавени или неоданочени. Постапките ќе ги застапува државнотот правобранителство бидејќи тоа е имот на државата и тој имот треба да се врати на граѓаните. Ќе можат да пријавуваат и граѓаните затоа ќе ги јакнеме капацитетите на финасиската полиција, затоа нема да има потреба од кривична пресуда туку во брза граѓанска процедура се конфискува имотот – рече вицепремиерот Николовски.

Вицепремиерот Николовски во интервјуто најави дека nа почетокот на октомври, ќе биде во функција уште една клучна алатка за борба против корупција, а тоа е Е-инспектор – ефикасен контролен механизам преку кој ќе се намали секое субјективно влијание на инспекторите при вршењето на нивните контроли, ќе има автоматска распредлба на надзорите, ќе се генерираат електронски записници. 

Воедно, посочи дека веќе од денеска во функција е „Електронски систем за онлајн поднесување и следење на пријави“, преку кој граѓаните и правните лица ќе можат да испратат пријава за која било услуга до институција, како најавени корисници или анонимно со можност за евидентирање на поплаката или пријавата. Истото ќе можат да го сторат и преку телефон, за што ќе се воспостави повикувачки центар и ќе се отвори наменска телефонска линија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.