„Наша цел е да покажеме дека онаму каде што не се почитува закон мора да има казни. Чесните пак, никој не смее да ги малтретира и да им висат инспекции“ – изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, во вестите на телевизија Канал 5 запрашан за слабостите на системот и за неговата главна мисија годинава.

Според Николовски, оваа година ќе се посвети на тоа, да има правда за сите.

„Знаете дека слабоста на нашиот систем се јавните обвинителства, односно нивниот истражувачки капицитет, зборуваме периодов со Јавното обвинителство и со Министерството за правда околу овој процес за јакнење на истражните центри, ние имаме само четири истражувачки центри. Ако земеме колку стручни соработници има еден обвинител ќе видиме дека ние сме далеку од просекот за нормално функцонирање“, рече Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.