Мери Николова, една од најгласните активистки на СДСМ и т.н. „шарена револуција“ која се бореше за поголеми права на затворениците, како и за законот за амнестија со кој беа ослободени речиси 1.000 сторители на кривични дела од затворите низ земјата удри по премиерот Заев и власта предводена од СДСМ.
-Господине Заев, лекови за болните нема а Мира како кралица ја чувате. Од патните трошоци на Мира и нејзините колеги ќе можевте да ги купете лековите за лицата со ретки болести. Не оставивте да чекаме тендери и да ги гледаме ближните како секој ден се виткат од болка. Ние имаме Министерството за смрт и министерот тендерашки е незаменлив!, пишува таа на својот Фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.