Зоран Заев кога го гледате, гледате едно и мислите дека гледате среќа, а во позадина се крие сосема друг лик, желба за превласт, да доминира со народот, да му идат бизнисите – изјави во „Што не е јасно“ на Алфа, учесничката во шарената револуција и гласна активистка на СДСМ, Мери Николова Буџаку.

Таа вели дека сфатила дека Заев не ја зборува вистината, откако беше објавена целата бомба за Мартин Нешковски, а претходно слепо верувале на монтираната снимка на Заев.

Што е со останатите бомби? Не е се така црно како што гледавме, сакаме тие бомби или да се поништат или да се пуштат јавно да види народ дека ние сме наместени  и искористени во оваа борба. Цело време се плукало по нас – вели Николова Буџаку.

Таа истакна дека во СДСМ повеќе нема сооцијалдемократи, а самиот Заев се фатил на морковчето на Амди Бајрам кој претходно не бирал зборови да го навредува.

Правите социјалдемократи се тргнати настрана, а сегашните социјалдемократи не се веќе она што беа. Сега сфатив дека лидерот на СДСМ се фати за морковчето и му даде функција на лице како Амбди Бајрам, кое што цел живот се шлепа во политиката. Истото ќе го кажам и за Лилјана Поповска и за Павле Трајанов и за Љубе Бошковски. Тотално разочарување е дури и Љубчо Георгиевски кои останаа партија двајца без тројца – рече Николова Буџаку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.