На почетокот мислевме дека не е толку страшен вирусот. Но, видовме како се прошири и во многу развиени држави, држави со силни здравствени системи. Многу е важно да се каже дека децата се најголеми преносители. А најголеми жртви излегоа возрасните над 65 години, кај нив најлесно се развива Ковид 19.

И бидејќи децата се носители и го пренесуваат тоа му овозможува лесно да се шири. Токму затоа пораката на Светската здравствена организација е Трестирај, тестирај, тестирај“, рече доктор Игор Николов на гостувањето на телевизија Канал 5.

-Рано е да зборуваме за вакцина. Што ќе правиме до тогаш? Ние сме во санитарна и здравствена криза. Епидемиолошки мерки, санитарни мерки, дезинфекции мора да има, не смее да се чека со тоа. Во спротивно ова ќе трае многу повеќе и многу подоцна ќе го доживееме пикот, рече Николов.

Доктор Николов укажа дека има паника бидејќи многу брзо се шири вирусот.

-Видовме дека многумина носители имаа потреба на ресираторна машина, а тоа повлекува цел тим кој ќе се вклучи во лекувањето. И тука системот не може да одговори ниту кадровски, ниту институционално. Затоа се појави прашањето колку респиратори имаме, колку знаат да работат со тоа. Треба да поченеме со обука на кадар. Ние требаше со време да обезбедиме повеќе заштитна опрема, респоратори, да почнеме да ги обучуваме луѓето. Ова не е случај кај нас, доцниме, укажа Николов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.