Денеска бројката на новозаразени е над 80 – тина. Македонија влегува во нови пик. Во услови кога сите земји во регионот немаат заболени и по две недели, Македонија поради лошиот менаџмент на владата на СДСМ е остров на зараза во сред регион без корона. Организирање на избори во ваков пик на коронавирус претставува масовно самоубиство.Деновиве стана јасно, дека постои силно политичко влијание и притисок врз Комисијата за заразни болести. Тие работат под политички диктат на Зоран Заев и Венко Филипче, реагира Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 Наместо заштита на здравјето на граѓаните, Комисијата се труди да му удоволи и да ја спаси политичката кариера на еден политичар во заминување.И додека во земјите од регионот и во светот се прават јасно детерминирани и дефинирани планови за разлабавување на мерките, претседателот на Комисијата и членовите од кои 6 директори назначени од Филипче, и еден на листа за пратеници, сакаа да му удоволат на Зоран Заев. И тоа со убедување дека ќе изготват јасни протоколи кои ќе ја обезбедат и заштитат популацијата. За жал, само во последните три дена имаме 125 ново заразени и плус денешните 80-тина и 12 починати од кои 5 во текот на вчерашниот ден. Професионално размислување на лекар, никогаш не би потврдило и препорачало дека во вакви услови, можни се безбедни избори.

Според него, Македонија се претвори во земја која го има својот втор пик на корона вирус уште сега. Кампањата и делењето на пакети по штабовите на СДСМ си го сторија своето.Статистиката говори дека Македонија, е на второ место во Југоисточна Европа по број на починати на 1 милион жители веднаш после Романија.

Имаме повеќе починати на 1 милион жители од Грција, Бугарија и Албанија заедно. Земјите од опкружувањето како Црна Гора, Словенија и Хрватска, во последните неколку недели немаат ниту еден ново регистриран случај. Подемот на кривата на заразени во Македонија е предизвикана од лошиот менаџмент на властите, ќе не доведе во ситуација да бидеме изолиран остров на кризно жариште во цела Европа, со потенцијална опасност голем број на држави да забранат влез за нашите граѓани и за нашите бизниси.

Тој објаснува дека Власта не уверуваше дека има јасна визија за  борба против корона вирусот. Откако поминаа повеќе од два месеци гледаме дека всушност не знаат каде тераат и покрај најрестриктивните мерки кои беа применети, ние сме држава во која што бројот на заболени не се намалува, туку оди кон  втор пик.

   Три месеци ги држеа граѓаните, градинките, училиштата, фабриките и буквално целата држава затворени во страв дека ќе се случи катастрофа, а таа се случува сега и покрај сите мерки.Во земјава постојат 3 Медицински факултети, со професори и катедри по епидемиологија и инфективни болести, ниту еден од овие професори не е вклучен во Комисијата за заразни болести. Потребно е да се обезбеди да нема никакво политичко влијание врз одлуките и препораките коишто ги носи Комисијата за заразни болести. Потребно е да се разреши и да се формира нова, која ќе биде професионална, составена од експерти и заштитена од секакво влијание на политиката.

Здравствените работници се револтирани и губат доверба во менаџментот на кризата. Потребни се итни и ефикасни решенија. Катастрофата која ни се случи е резултат на не професионализмот и влијанието на СДСМ врз одлуките во здравството.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.