Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ пласира докази со кои покажува дека поголема смртност од нас во регионот има само Романија.

Број на починати од Ковид на 1 милион жители. Во стилот на старите добри сталинистички времиња, се јави Венко Филипче со триковите и финтите на Зоран Заев да ја корегира опозицијата, но и да прати абер до оние новинари што малку повеќе анализираат. По примерот, на Заев кој пред некое време објави табели за платите на докторите и сестрите, но со ситни букви дека станува збор за бруто плата, така и Венко ги заменува статистичките термини смртност и број на починати на 1 милион жители.

Користејќи различни термини, исто како што правеше на почетокот на епидемијата, кога опозицијата апелираше да се подготвиме за ударот и да се преземат мерки, Венко Филипче објаснува дека се злоупотребува терминот смртност за политички цели, а всушност во јавноста се зборуваше за број на починати од ковид на 1 милион жители. Смртноста ни била добра од ковид, иако тој и Министерството, не обезбедија респиратори. Не обезбедија тестови чии резултати ќе ги имаме брзо и ќе се носат одлуки брзо за секој пациент дали е ковид позитивен или не, па сега ќе се фали дека тестирал пост мортем. Се во име на транспарентноста и маркетингот зачинет со ПР трикови“, наведува Николов.

Тој објавува неколку линкови и табели со анализа кои зборуваат за број на заразени и починати на милион жители каде што Македонија е претпоследна во регионот, има најголем број на починати на 1 милион жители веднаш после Романија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.