Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Игор Николов ја извади пресметката од својата плата пред министерот за здравство Венко Филипче за време на нивниот дуел во емисијата „Детектор“ на Сител.

Николов го обвини Филипче дека владата не го реализирала ветувањето за 100.000 денари плата за специјалистите коментирајќи дека оваа бројка се уште е далеку од реалноста.

Еве ви ја министре мојата плата, доктор, доцент, доктор на науки, магистер, со сите салтанати и со 5 дежурства во месецот, 70.000 денари, вели Николов.

Филипче вели дека платата е зголемена во три наврати.

Основната плата е зголемена во три наврати. Зголемена е минатата година во септември, зголемена е на почетокот на оваа година во јануари и се зголемува во февруари следната година. Дежурствата се зголемија во 2018 година на средината. 100.000 денари плата е сега реалност на Хируршките клиники, вели Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.