Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција побара разрешување на директорката на ДСЗИ, Бухова.

И додека се наоѓаме во екот на борбата со корона епидемијата. Пресудно во оваа борба е здравјето на лекарите, медицинските сестри и техничарите. Тоа се тие кои што секојдневно се изложени на ризик од вирусот за сопственото здравје, како и ризикот за своите деца и своите семејства.
Пресудно во оваа борба е тестирањето на пациентите кои се сомнителни за корона како и навременото добивање на резултати.
Пресудно е да се набави опрема која е неопходна за третманот на пациентите. Наместо тоа од медиумите се дознава за секојдневни обиди да се набават респирастори кои се објавуваат, па се раскинуваат и сето тоа внесува голема недоверба кај сите, медицинските работници и кај пациентите.
Денес сме сведоци дека Министерството за здравство, наместо да го зголеми бројот на тестови ги намалува, а се со цел да манипулира. Наместо тестирањето на пациентите и ризичните групи како лекарите и здравствените работници, да биде главно оружје во борба со епидемијата, тие ги користат за манипулираат резултатите и за дневно политичка пресметка.
Во таа пресметка се вклучени сите институции, меѓу кои и ДСЗИ кои наместо да работат за доброто на граѓаните, активно се вклучени да помогнат во политичките дискриминации и девалвации на челниците на СДСМ. Заради тоа, бараме веднаш да се разреши директорката на ДСЗИ Ирина Бухова, која се своето непрофесионално однесување директно е вклучена и директно завзема страна во политичките пресметки на челниците од СДСМ, а сето тоа на штета на лекарите. За Бухова најлесно е да ги казни лекарите, наместо да ја изнесе вистината за политичката пресметка во која е втурната.
Бараме да се овозможи јавен увид на резултатите од тестирањата, и да се престане со манипулација со резултатите од тестирањата, нивното спроведување и нивното објавување.
Бараме да се заштити медицинскиот персонал и здравствениот систем, со брзо тестирање на пациентите кои се сомнителни и добивање на навремени резултати. На тој начин ќе може и да се задоволи потребата за третман на пациентите кои што имаат друга патологија освен Ковид.
Надменоста и неприфаќањето на предлозите само дополнително доведува до нови проблеми. Не можеме долгорочно да се спротивставиме на епидемијата со нови заболени лекари, медицински сестри и болничари.
Филипче треба да преземе мерки, доста беше фиктивна изолација заради средба со една негативна личност, рече Николов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.