По информацијата дека Комисијата за заразни болести денеска го повлекла предлогот за воведување полициски час во траење од 22 до 05 часот, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ веќе предупреди дека податоците за новозаболени ќе се штелуваат со цел да се глуми нормалност. Се поставува прашањето дали навистина професионализмот на Комисијата за заразни болести потклекна на барањата на Зоран Заев да се спушти бројката на новозаразени со тоа да не се тестираат и оние кои што се можни асимптоматски случаи?- истакна Игор Николов, член на ИК.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека ова ќе се врати како бумеранг.

Ова е резултат на однесување на првиот човек на Комисијата за заразни болести,седумте политички директори на Клиники назначени од министерот за здравство и самиот министер.На граѓаните и на Македонија им е потребна стручна комисија, а не партиска, потребно е да се слуша струката, медицината, а не политиката…- рече Николов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.