Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој е на состанок на ЕНП во Брисел остварил средба со Марко Зани, пратеник во Европскиот парламент од партијата Лега на Матео Салвини од Италија.

Зборувавме за воспоставување соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Лега како политички партии, како и за потесна соработка помеѓу Македонија и Италија. На средбата го информирав за актуелните случувања во Македонија, назадувањето на економијата, корупцијата, состојбата со владеењето на правото, како и предизвиците со кои Македонија се соочува. Зборувавме за стратешкиот приоритет за интерграција на Македонија во Европската унија. Исто така зборувавме за неопходноста од одржување предвремени избори и во Италија и во Македонија на кои граѓаните ќе го кажат своето мислење каде треба да се движи политиката и кој да ги води, информира Николоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.