Повторно сме сведоци на еден апсурд, а тоа е дека ја малтретираме јавноста и вас и Судот и себе со апсурдни работи кои што ги смислува власта. Имено денес најмоќниот живот во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев ме тужи за клевета. Ова е работа која што не е видена во демократскиот свет, иако не може да најдете ни една демократска држава, европска држава, држава членка на Европска Унија каде Македонија сака да стане дел каде што премиерот, најмоќниот човек во државата за политичка изјава тужи за клевета потпретседател на најголемата опозициона партија, изјави денес пред судот потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Ова е невидено, го нема никоја земја членка на Европската Унија. Да е апсурдот поголем, ме тужи за работи кои што се јавно познати и коишто доколку не се согласува може да пушти еден едноставен демант. Се работи за моја изјава дадена на крајот на август 2019 година, значи нешто повеќе од една година кога се развиваше случајот познат во јавноста како „Рекет“ кој што има веќе и судска завршница сега во Основен Суд во која што изјава тогаш за јавноста јас сподели дека до нас доаѓаат сознанија согласно кои што сознанија се изрекетирани бизнисмен кои што во јавноста тогаш се тврдеше дека се работи за само еден бизнисмен, дека се изрекетирани многу повеќе средства од тие средства кои што тогаш беа споменувани во јавноста дека се работи за една сума однекаде од над 20 милиони евра и дека таа операција не може да ја завршат двајца или тројца луѓе, дека е добро организирана операција и дека на врвот на таа пирамида стои Зоран Заев и СДСМ. Времето коешто дојде после таа изјава ги потврди овие мои наводи во јавноста. Да е апсурдот поголем, јас иста таква изјава дадов и на 10 август 2019 година, значи некаде 18 дена пред да ја дадам изјавата за која што сум тужен. Таа изјава на ниеден начин не беше демантирана од страна на Зоран Заев, на СДСМ како политичка партија или на владата што ме наведе да помислам дека се работи за вистинита изјава и ако видите во тужбата, не се успорува првата изјава затоа што господата претпоставувам заборавиле да демантираат или немале што да демантираат, туку ја успоруваат втората изјава – истакна Николоски.

Според него се работи за еден апсурд.

Јас не можам да ја сфатам опседнатоста на семејството Заеви со мене. Имено знаете дека исто така за клевета ме тужеше и Вице Заев, сега ме тужи и Зоран Заев. Вице Заев ме тужеше за тоа дека е главен бизнис фактор во државава и е главен бизнис фактор во државата, тоа го знаат сите. Сега Зоран Заев ме тужи за случајот „Рекет“, кој што веќе има јасна завршница во јавноста. И од таа страна не можам навистина да ја разберам опседнатоста на семејството Заеви со мене. Ако е целта да ме замолчат мене или да го замолчат ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека грешат, дека си прават контра услуга и мислам дека ова е најлошиот пат кој што го избрале. Политичари не можат да тужат политичари. Тоа е пракса на Европскиот суд за човекови права, јас сум навел многу пресуди во Европскиот суд за човекови права, вклучувајќи и една од висок нивен функционер, а тоа е Јани Макрадули против Република Македонија – истакна Николоски.

Според Николоски, кога беа опозиција овие работи кои што сега ги прават на опозицијата не им чинеа, ама сега кога се власт ги прават истите.

Слушнав дека адвокатот на Зоран Заев ја спори таа пресуда на Европскиот суд за човекови права која што е во корист на Јани Макрадули, значи кога имаат лична корист се спремни и да одат против сопствените членови. Она што исто така е забележително и во претходниот и во овој случај е дека, како што не се појави Вице Заев на рочиштето на кое ме тужеше за клевета, на ист начин денес Зоран Заев не се појави на рочиштето на коешто ме тужи за клевета, напротив избра да испрати адвокат од најскапата адвокатска канцеларија во Македонија, а јас еве повторно решавам да се бранам сам затоа што веројатно онаму каде што е вистината нема потреба од адвокати, а онаму каде што не е вистината има потреба од скапи адвокати. Благодарам и се надевам дека во овој судски процес ќе ја докажам вистинитоста на мојата изјава – додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.