Носителот во четвртата изборна единица, Александар Николоски, преку видео порака се заблагодари на сите кои излегоа на вчера одржаните предвремени парламентарни избори и со својот глас, како што вели, придонеле за развојот на демократијата во Македонија.

Особено би сакал да се заблагодарам на преку 75 илјади жители на четвртата Изборна Единица кои што го подржаа бројот 14 и гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е највисок резултат за ВМРО-ДПМНЕ од сите шест изборни единици. Јас сум благодарен за вашата поддршка, исто така ВМРО-ДПМНЕ е благодарно за вашата поддршка. Од вкупно 19 општини во четвртата Изборна Единица, ВМРО-ДПМНЕ победи во 12 општини, а во две општини беше нерешено. Да го немаше масовниот поткуп и притисоците и уцените коие што се случија, ќе победевме и во останатите општини. За жал вчерашниот ден, како и целата кампања, беше пример како функционира власта на Зоран Заев, масовен поткуп, притисоци, уцени и закани. Двајца градоначалници од редовите на СДСМ беа фатени како вршат поткуп, а бројни други активисти и функционери на СДСМ го правеа истото. Го повикувам Обвинителството и надлежните органи, да реагираат и да ги расчистат овие инциденти затоа што овие инциденти го нарушија демократскиот процес на изразување на слободната волја на граѓаните.

И покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ победи во 12 општини во четвртата изборна единица. Зоран Заев не успеа да победи дома, Зоран Заев не успеа да победи во четвртата изборна единица. И затоа со сите пријатели, со сите подржувачи во четвртата изборна единица ќе продолжиме да се бориме против криминалот и корупцијата во Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за младите да ги зачуваме во Македонија, ќе продолжиме да се бориме за праведна цена на тутунот, ќе продолжиме да се бориме за праведна цена на земјоделските производи, ќе продолжиме да се бориме против зелената мафија и ќе продолжиме да се бориме за економската благосостојба на четворката. Заедно продолжуваме!, порача Николоски.

Почитувани пријатели од четвртата изборна единица. Би сакал да ви се заблагодарам на сите кои што излеговте на…

Gepostet von Aleksandar Nikoloski am Donnerstag, 16. Juli 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.