После еден месец откако ја објавив големата афера Заев призна!, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, за вчерашното интервју во кое сегашниот премиер потврди дека тој им насочил на тетовските советници да гласаат за новиот експресно подготвен и изгласан ДУП.

Заев призна дека стои позади криминалот од 200 милиони евра за контроверзниот црногорски бизнисмен Дака Давидовиќ на просторот на поранешен Шик Јелак во Тетово, пишува Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати потенцираше дека оваа зделка мириса на корупција и криминал, но досега нема отворено никаква истрага за можни злоупотреби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.