Нема ден да не се потсетиме на некоја од големите афери на Зоран Заев, да земам сега тука да ги бројам до утре ќе треба да останеме, изјави носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Мојот противкандидат е човекот којшто бараше евро за брат му ама не едно, туку помножено по 200.000 и кажа уште кој се друг платил во штедилницата кај брат му. Мојот противкандидат е човек чие што најтесно семејство вози автомобил кои вие ниту во живот, а ниту јас сме видели и кои што чинат повеќе од вкупната заработка на сите вас за 5 години заедно – вели Николоски.

Тој го обвини Заев дека е човек којшто поставува директори на јавни институции кои, како што рече, ставаат во торба.

Мојот противкандидат е човек кој што организираше рекет во Република Македонија и е на врвот на пирамидата, „капо ди тути капи“ на сите криминалци во оваа држава и којшто организираше многу бизнисмени да бидат изрекетирани во вредност од преку 20 милиони евра. Мојот противкандидат е човек кој што ги искористува луѓето и ги пушта низ вода и ситните риби ги тера да одговараат за него, за тој да може да биде заштити. Мојот противкандидат е човек кој што го промени името на оваа држава, што воведе двојазичност и што тргува со историјата – рече Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.