Александар Николоски, потпретседател на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ вели дека премиерот во заминување Зоран Заев бега од одговор дали навистина го пријавил случајот „Рекет“.

Пред една недела побарав Зоран Заев да ја покаже белешката од пријавата на случајот ,,Рекет”. Имено, неговиот ПР тим тврди дека тој прв пријавил за “Рекет”, ако е така, нека ја покаже белешката од пријавата.

После мое упорно инсистирање во понеделникот кажа дека требало да провери во агендата кој ден и каде го пријавил ,,Рекет”. Па јавно прашувам пет дена ли му требаат да провери кога го сторил тоа? Пет дена не може да ја провери сопствената агенда? Па веќе никој не верува на овие лаги, провидно е…

Јасно е дека бега од одговор зашто Зоран Заев не го пријавил „Рекет”. После една недела тоа е заклучокот и вистината за ,,Рекет”, Зоран Заев не го пријавил зашто самиот тој е на врвот на пирамидата, пишува Николоски на фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.