Во однос на зелената мафија, во однос на овие откупувачи кои се 5 до 6 во државата и која што кажав стануваат милионери на грбот на земјоделците, нашето решение е следно, правиме најголем фонд во историјата на Македонија за откуп, а тоа е фонд од 200 милиони евра кои што ќе ги пласира буџетот на Македонија бескаматни кредити обновливи. Тие ќе бидат наменети за мали и средни претпријатија за откуп.

Што значи дека овој монопол од 5 до 6 откупувачи сакаме да го разбиеме, вели Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, во гостување во локалната телевизија Вис Струмица.

Николоски посочи дека овие средства ќе може да ги користат компаниите доколку ги исполнуваат двата услови а тоа е загарантирана цена и навремен откуп. Идејата е тука да се отворат поголем број на мали и средни претпријатија.

-Две обврски ќе имаат овие компании кои ќе ги добиваат овие средства, првото е да дадат гарантирана цена која што ќе биде договарана заедно со земјоделските здруженија за секој производ и второ е навремен откуп со ова што го кажав со доцнењето на исплатат. Доколку овие две работи ги исполнуваат тогаш ќе може да ги користат овие средства и со тоа очекуваме да се зададе сериозен удар на зелената мафија, рече Николоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.