Денеска сме во посета на Гевгелија да се запознаеме од прва рака со она што се случува тука во градот заедно со пратеничката од Гевгелија и со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да се сретнеме со граѓаните и да поразговараме. Сликата која што ја гледаме во недела неработен ден, викенд е навистина тажна, градот е целосно замрзнат, парализиран како последица на корона кризата но и како последица на неспособноста на власта, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Македонија е убедливо на  последното, на најдолното место по вакцинација не само во регионот туку во цела Европа и за жал во неславните први места по бројот на смртност од короната. Тоа се одразува на луѓето, не само во делот на стравот, не само во делот на затварањето дома туку и на економијата, но исто така и на здравствената битка. Секојдневно луѓето се борат да најдат контакт до некој доктор, до некоја медицинска сестра да им пружи  првична помош, да можат да се изборат со корона вирусот. Да не зборувам за оние потешки случаи кој што не можат да најдат кревет во и нфективните центри со цел да го спасат сопствениот живот. Тоа е тажната слика која што  ни се случува на Македонија, една целосен колапс на здравствениот систем како резултат на оваа корумпирана власт, истакна тој.

Николоски посочи дека Македонија нема вакцини и како што стои работата за жал уште долго време нема да ги има вакцините.

-Причината е јасна имаме неспособни и корупмирани, не знаат од каде да ги набават, а таму каде што успееја да најдат канал пробаа да земат мито и затоа граѓаните не се вакцинираат. Да не се донациите од соседна Србија  и тоа минимум кое што го има сега нема да го има. Оваа неспобна власт наместо да се потруди да најде вакцини и да ги отвори македонските градови и села, да ја отвори македонската економија прави чекори кои што се спротивни на тоа, па така гледаме изјава на министерот за економија Крешник Бектеши кој што вели дека не го интересира дали ќе се отвори границата кон Грција или не и дека нема што тој тука да направи, иако отварањето на границата кон Грција е значајно, суштински битно за Гевгелија но и за сите околки  места тука за Дојран, за Богданци, за Струмица, за целиот Струмички регион, за Демир Капија, за Неготино, за Кавадарци, ако одиме малку позападно и за Битола и за Прилеп. Суштински значајно за економијата е да се отворат границите, а границите не се отвараат затоа што во Македонија нема вакцинација и Македонија за жал останува една црна дупка. Дури гледаме дека на граѓаните на Србија кои што се апсолутно рекордери и треба да им се честита во делот на вакцинирање  им се препорачува кога ќе почнат да одат за Грција тоа е некаде 14 мај истото да го прават преку Бугарија, значи и физички да ја избегнат Македонија, воопшто да не патуваат низ Македонија затоа што бројките се такви какви што се, истакна тој.

Николоски денеска имаше средба со просветните работници од Гевгелија.

-Како што сега стојат работите најверојатно и од септември нема дасе отворат училиштата и ќе имаме трета година во која што целосно или делумно децата не одат во школо и наставата ја следат од дома. Тоа се три изгубени генерации, тоа се три изгубени години затоа што не се создаваат соодветни работни навики кај децата, не се случува социјализацијата која е искличително потребна баш во фазата на развој на децата и паѓа квалитетот на образование и на знаење. Повикиваме, апелираме веднаш да се обезбедат вакцини за наставниот кадар со цел да можат да се вакцинираат учителите, наставниците и професорите и да може од септември да се отворат училиштата затоа што само така може да имаме здрава нација. Да бидам искрен во однос на овој повик сум скептичен како и во однос на се останато што се случува и затоа логичното решение ден поскоро, час поскоро е оставка на овие неспособни, корумпирани и самобендисани. Видете што ни се случува само во една недела . Вакцини во Македонија нема, ама има кокаин. Вакцини во Македонија нема, ама имаме шверц на кокаин, а наркобосовите како што ги нарекува обвинителството бегаат затоа што некој од полицијата им дојавува. Претходно една недела пред тоа вториот и третиот човек на Владата како ништо да не се случило си заминаат на одмори на најлуксузни дестинации во Мексико и во Дубаи без трошка срам да имаат кон луѓето кои што се борат со корона вирусот и гледаме пред некој ден во Прилеп Зоран Заев и Венко Филипче, двајцата најодговорни за борбата со корона вирусот  си слетаа со хеликоптер  како да се филмски ѕвезди. Такви неспособни ја водат Македонија, такви бандити ја водат Македонија и затоа е потребно оставка ден поскоро, час поскоро, порача тој.

Николоски одговарајќи на новинарско прашање, за возењето на Заев со хеликоптер и неговото тврдење дека така било поевтино да дојде, отколку со автомобил, рече:

„Срамота како да ви кажам, срамота брука немање основно елементарно чувство од страна за Зоран Заев. Јас дојдов тука со мојот приватен автомобил затоа што како и секој нормален граѓанин логично е да користете автомобил кога патувате на одредена дестинација, но Зоран Заев користи хеликоптер, во држава во која што долгот во моментов ќе надмине 2 милијарди со новата еврообврзница која што ќе ја земат потрошени за само две години а не гледаме каде одат, во држава во која што стапката на смртност за жал е меѓу највисоките,а бројот на вакцинирани е меѓу најниските, една таква забеганост една таква самобендисаност, Македонија не памети кај ниеден политичар кој што бил на власт без разлика дали бил од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ во 30 години независност. Ваков самобендисан, ваков неспособен, неработник, летнат во облаци ниту имало ниту ќе има и затоа ни е потребно оставка ден поскоро час поскоро“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.