Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Само интервју“ во Канал 5 телевизија истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ компромис со Бугарија на штета на македонските национални интереси не е можен, затоа што тука нема простор за разговор.

Доколку компромисот ја засега македонската историја, бришење на самобитноста на македонскиот народ, продрување во темелите на македонскиот јазик, македонската самобитност и борба за ослободување, која своите корени ги влече во преродбата во средината на 19-от век, а својата круна ја доби на 8-ми септември 1991 година, доколку е тоа цената ние не сме спремни да ја прифатиме, посочи Николоски.

За изјавите на Бојко Борисов дека Гоце Делчев е бугарски револуционер, Николоски рече дека истите не се прифатливи за него.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.