Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес од Тетово одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има според него судир меѓу обвинителството и финансиска полиција, и коментар за судирот на Рускоска со финансиска полиција истакна дека Македонија тоне во криминал и корупција, економијата тоне а корупцијата цвета и во такви услови веројатно сега ќе почнат да се вадат работите кои што биле ставани под тепих а меѓусебните напади ќе покажат кој што и како правел.

Па гледаме дека има бројни преписки во наводници овие денови, за жал Македонија тоне во криминал и корупција, вистинската дефиниција за Македонија е дека економијата тоне а корупцијата цвета и во такви услови веројатно сега ќе почнат да се вадат работите кои што биле ставани под тепих. Броен е криминалот во сите области и во сите сектори, за жал оние кои што треба да го сузбиваат криминалот, не само што не го сузбиваат туку очигледно и го стимулирале, па очигледно еве и меѓу себе како што се напаѓаат ќе ни покажат на сите нас кој, што, и како правел, напаѓајќи го едниот другиот веројатно ќе ја добиеме целосната слика – нагласи Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.