Другар му на Вице Заев е кандидат за градоначалник на Битола, вели Александар Николоски коментрајќи ги предлозите на СДСМ за кандидати за градоначалници во некои општини.

Ќе го прегазиме, зашто таков бандит досега не бил кандидиран, вели Николоски, кој вечерва гостуваше на ТВ Алфа.

Цела Битола знае дека е бандит. На 36 години, тие милиони што ги има, а ниту ајфон има измислено, ниту нова верзија на компјутер има измислено ниту спејсшатл. Дечково е милионер милијардер, ама е кандидат за градоначалник зашто им е другар на Васко Ковачевски и на Вице Заев. Се останува во тој тесен круг на 5-6 луѓе и таму паѓање нема. Тие до последно ќе се држат меѓу себе. Интересно е кога еден од нив ќе стане заштитен сведок, ќе има јавноста што да чуе, додава тој.

Николоски објаснува дека целта е од Битола да направат „Стентон град“, по името на фирмата за камиони која работи во РЕК Битола.

Затоа, спротивно од волјата на ОО СДСМ ја менуваат постојната градоначалничка, рече Николоски.

Заев е главата на кругот, мафијата, ако падне главата на системот ќе падне цел систем. Затоа Заев одговори нервозно дека нема да си оди од функцијата затоа што знае дека паѓа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.