Во однос на вториот круг од локалните избори потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва во „Трилинг“, во Телевизија 24 истакна дека во Скопје битката е извесна, дека граѓаните веќе гласале против Петре Шилегов, а Данела Арсовска е новиот градоначалник, како и тоа дека е потребен широк опозициски фронт и обединување на партиите и граѓанските движења за создавање на новата иднина.

Николоски потврди дека иста е ситуацијата и со Охрид и со Битола и останати градови каде ВМРО-ДПМНЕ има предност.

 

Сега е потребен еден широк опозициски фронт, широко опозициско обединување, затоа што опозициското расположение на Македонија е јасно и сега истото треба да се материјализира, ние сме за соработка со сите коишто оваа влада не работи добро и дека се потребни промени, а тие промени носат различни идеи, а ВМРО-ДПМНЕ не претендира да е единствената политичка сила која ќе ги направи промените, вели Николоски.

Николоски смета дека клучни се исто така и граѓанските движења кои беа застапени на овие избори, кои излегле со одлични идеи и проекти, решенија на локалните проблеми кои градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се спремни заедно со нив да ги реализираат.

 

Во вториот круг очекувам да порасне излезноста, затоа што имаше сериозни заплашувања од власта кон гласачите, особено во одредени средини, очекувам тој страв да се надмине, да се зголеми излезноста, а на тој начин и поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ ќе е поголема, заклучи Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.