Зошто професор Гордана Силјановска – Давкова, во овие турбулентни времиња, е најдобар избор за Македонија каква што ја знаеме, ќе одговори потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во вечерашната емисија „Отворено“ на „Алфа“ телевизија.

Николоски најотворено ќе разговара Љупчо Цветановски и на следните теми:

За судирот на два сосема различни коцепти, натпартискиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ VS. „консензуалниот“ кандидат на СДСМ и ДУИ кој на очиглед на јавноста се избира по принципот на договор на партиски водачи;

За негативностите на бојкотот наспрема силната порака на јасна победа на претседателските избори;

Како стравот од пораз на повидок ја натера СДСМ во нова „консензуална“ авантура со бескруполозни национални концесии и бескомпромисен пазар со коалиционерите?

Ќе означи ли опозициската победа на претседателските избори старт на најавената ревизија на Преспанскиот договор?

„Отворено“ со Александар Николоски денеска, среда, во 18:18 часот на ТВ Алфа, веднаш по централниот Дневник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.