Александар Николоски,Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за случајот со наркобосовите од Грчец и укажа дека цел град, цело Скопје знае кој продава кокаин само МВР не знае. Во врска со овој случај Николоски потсети дека наркобосовите од случајот имаат слики со Зоран Заев, со Оливер Спасовски, со Стево Пендаровски.

Цел град знае, цело Скопје знае кој продава кокаин, само МВР не знае. Тие кои продаваат кокаин во Скопје, зборувам за главните, за босовите не за овие пајташите што им се по улици видовме се сликале со Зоран Заев, со Оливер Спасовски, со Стево Пендаровски. Толку се безсрамни што еден од тие наркобосови праќа попладнево соопштение до јавност, бара ВМРО-ДПМНЕ да му се извини, му се нарушувала честа и угледот, валда ќе му падне цената на „робата“ која ја продава, рече Николоски.

Потпрeтседателот Николоски во своето гостување во врска со целиот овој случај посочи дека во МВР мора да се понесе сериозна одговорност за целиот овој случај.

Јас уште во мај 2019 година напишав една колумна се вика „Кокаин во поларизирана Македонија“ и во таа колумна отсликав што се случува на улиците во сите поурбани центри во Македонија и како се трујат македонските деца и како се уништуваат животи и семејства. Кокаинот во Македонија е присутен како никогаш досега и достапен пред очите на полицијата. Честитки за Обвинителствот за организиран криминал и корупција што се обиде да го растури овој систем кој ги уништува македонските семејства и македонските деца, но во МВР мора да се понесе сериозна одговорност за акцијата затоа што јасно беше кажано и од обвинителката дека е нарушен системот на тајност односно акцијата им е пробиена и оние кои се главни во целиот овој ланец ја напуштиле навреме државата, таканаречена роба е исчистена и скоро ништо да не нашле при претресите. Тоа значи дека јасно е дека пробиена таа акција, не може да е пробиена доколку нема спрега помеѓу министерството за внатрешни работи и овие наркобосови. Дека има спрега не само што цел град, цело Скопје, цела Битола, цел Охрид , Штип, Струмица гледаат по улиците и по чаршијата, туку тоа го видовме на слики, на снимки каде што врните државни функционери се сликаат со овие луѓе, додаде Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.