Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во дуелот со Радмила Шекеринска се осврна на пратката кокаин која денеска беше запленета во селото Крушопек. Тој објасни дека во Македонија од доаѓањето на власт на СДСМ не беше фатен грам кокаин, а откако на чело на МВР е Наќе Чулев, веднаш е фатена голема пратка.

-Во Македонија поевтино беше кило кокаин отколку да купиш пијачка. Краен нарачател е лице од Македонија, утре министерот ќе излезе со детали. Факт е дека три години не се фаќаше кокаин и се продаваше на улица. Вака како што имаме кокаин во овие три години никогаш немало во Македонија. Дојде Наќе Чулев и имаме фаќање на пратка-рече Николоски на Телма.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.