Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при гостување во ТВ 21, коментираше за изборниот резултат во Кичево. Тој кажа дека „авионите“ ја направиле разликата во Кичево и ја донеле победата на ДУИ.

Николоски истакна дека тоа не е волјата на граѓаните кои живеат во Кичево, некој да дојде од Цирих да гласа и да си замине, а да ги остави граѓаните да живеат на улици со дупки и во депонии.

ДУИ е во коалиција со СДСМ и Али Ахмети јасно зборуваше дека противник на ДУИ е ВМРО-ДПМНЕ и држеше говори за да не се дозволи ВМРО-ДПМНЕ да победи во Тетово, Гостивар или во Кичево. Во Кичево единствен недостаток на ВМРО-ДПМНЕ е тоа што нема пари да плаќа авиони и да носи иселеници да гласаат и на тој начин да ја изместува волјата на граѓаните кои живеат таму. Затоа што некој што живее и работи во Цирих, се качува на авион до Охрид, вози 30 минути до Кичево, гласал, изел еден ручек и се вратил во Цирих и нема да ги гледа депониите во Кичево и дупките и нема никакви обврски во Кичево, но кичевчани продолжиуваат да живеат. Точно, ние немаме авиони, а Ахмети имаше и токму затоа победи во Кичево, но убеден сум дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалник во Кичево – истакна Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.