Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното интервју во емисијата „Директно“ на ТВ Тера истакна дека се задоволни од средбата со комесарот за проширување Оливер Вархелји.

Многу сме задоволни од средбата. Очекуваме позитивни имплуси во средниот период. Се работи за еден исклучително посветен комесар кој од самиот почеток влегува амбициозно во целата оваа работа. Потребни се два патишта паралелно едниот е промена на методологијата за зачленување, втората интензивни реформи. Ако промената на методологијата е работа која што не зависи од Македонија, реформите апсолутно зависат. За жал, Заев потфрли овие две години да испорача реформи, вели Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ е спремно да испорача реформи, потенцира Николоски и додава дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е силна посветиност токму  на реформите.

Сметаме дека 2020 може да е успешна година да не е изгубена година, да испорачаме во делот на владеење на правото и борба со корупцијата, тоа е основното што го бара ЕУ а и граѓаните и во соработка со новиот комесар за проширување Вархелји да работиме Македонија да добие датум за преговори и да ги отпочне преговорите и брзо да ги заврши, додаде потпретседателот Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.