Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски во емисијата „Јади бурек кај Јанко“, во ТВ Сонце во врска со набавката на вакцини истакна дека по толку скандали со сомнителната фирма „Стабри“, која тргува со јужноамериканско овошје, припадници на власта за дупло поголема вредност пробале да набавуваат 200 илјади вакцини од Кина, а кинеските власти тоа го спречија затоа што е профитирање.

Се зголемуваат бројките на заболени со корона, а вториот и третиот човек во Владата заминуваат на одмор едниот во Мексико, другиот во Дубаи, со плата од 60-тина илјади денари, а само авионот е 100-тина илјади денари по човек, потоа оние кои останаа тука како Заев и Филипче за викенд кога цела држава оди во Србија да се вакцини масовно, тие се возат со мотори по цел град, и таман човек ќе си мисли толку е третиот викенд со хеликоптер се спуштаат како да се Бред Пит или Антонио Бандерас, да бевме нормална земја до сега Владата ќе беше во оставка – посочи Николоски.

Тој изјави дека Македонија нема вакцини, прво заради неспособноста на власта, а второ поради нејзината корумпираност.

Се договара набавка на 200 илјади вакцини од Кина, тие вакцини чинат помеѓу 25-30 долари, ако сакате по брза постапка да ги добиете е 36 долари. Значи најскапа „Синофарм“ вакцина е 36 долари, а овие ги нарачуваат за 62,5 долари. Тие во Кина гледаат дека има супер корумпирани тука и затоа ги откажуваат вакцините, па ја пресекоа таквата набавка затоа што е профитирање – изјави Николоски.

Николски потенцира дека сопственици на таа контроверзна фирма од Хонг Конг „Стабри интернешнл“, или „Стар бриџ“, односно „Стар мост“ која почнува да функционира кога СДСМ доаѓа на власт во 2002 година, а кога СДСМ си заминува од власт во 2007 година, фирмата од „Стар бриџ“ се реактивира и станува „Стабри“ и се формира во 2017 година во септември сосема случајно.

Таа фирма единствено што има продавано е јужно американско овожје, а се очекуваше преку нејзе да се набават вакцини – објасни Николоски.

Тој вели дека е ова е цела шема која наликува на оние од „Панама пејперс“, за фирми од Панама, како што е и аферата за Дака Давидовиќ и „Шик Јелак“, тоа е една иста шема, па по се ова не може да се очекува Македонија да има воопшто вакцини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.