Во изјава за новинската агенција В4, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вели дека очекува голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори, откако граѓаните имаа можност да видат колку малку време им е потребно на Заев и на СДСМ да ја разградат државата.

Политиките на Заев, засновани на понижување на македонскиот народ и на економски неуспеси, заедно со политиките водени од Сорос, ја уништија Македонија во изминатите три години. Заев е пример како нешто што квалитетно се градеше со децении може да биде растурено за само три години, поради левичарските политики на Владата и на луѓето од мрежата фондации и невладини организации финансирани од Сорос, изјави Николоски за новинската агенција В4.

Во изјава за агенцијата, Николоски додава дека ВМРО-ДПМНЕ очекува голема победа на предвремените избори и ќе се бори да ја обнови Македонија со рестраврација на конзервативните, христијански вредности и со борба за подобра економија и животен стандард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.