Денеска имаме една интензивна агенда во Радовиш и Конче, посетивме неколку населени места во текот на денот, бевме во Аликоч, бевме исто така во Конче, бевме во околни места во Конче и во самото Конче. Попладневно сме тука во Радовиш да се сретнеме со луѓето да поразговараме. Бевме вечерва во Ораовица, во прекрасниот манастир кој што е тука, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна носителот на Изборната единица 4 Александар Николоски.

-Ораовица е секогаш бастионот на ВМРО-ДПМНЕ и од тука почнуваат најголемите победи и така сум убеден дека ќе биде на 15 јули. Луѓето кои и во остатокот од четвртата изборна единица ги мачат две маки. Тоа е националното понижување и економското опустошување кое се случува на цела Македонија и во овој крај. Тука интензивно се зборува за проблемот на откупот на тутунот заради законот кој што се донесе од мнозинството на СДСМ а под влијание на зелената мафија, десетици и десетици килограми тутун останаа неоткупени и многу луѓе раскажуваат како во нивните дворови останал тутунот не откупен од минатата година, а остатокот морале да го продадат по многу по ниска цена и пониска класа. Затоа нашето основно ветување во овој дел е удар на зелената мафија кој што удар ќе значи дека на првата седница на влада ќе се донесе закон со кој што закон нема да смее килограм тутун да се увези во Македонија додека не се откупи домашниот и додека не се откупи по фер и гарантирана цена. Исто така разговаравме за условите под кои работата превозниците, има доста превозници тука во Радовиш и спремаме еден пакет на законски решенија кои што ќе помогнат во тој дел. Разговаравме и за развојот на стопанството и индустријата, малите бизниси имавме можност да видиме отворање на еден таков денес, вели Николоски.

Тој додава дека ќе го стимулираме   со ниски даноци, со бес каматни кредити како и со можност за вработување на млади луѓе до 29 години без никакви дополнителни давачки.

-Тоа е суштината на ова што е  денес како посета, продолжуваме во текот на вечерта исто така со средби. Сакам една кратка порака да упатам до мојот против кандидат Зоран Заев кој што вчера се уплаши и не дојде на ТВ дуел односно соочување на Канал 5. Слушам дека денеска отишол во Кривогаштани и кажал дека не сум можел да го најдам Кривогаштани. Јас можам да му кажам дека јас го наоѓам и знам каде е ама тој во овие три години колку што е на власт не можеше да го најде и камен таму не стави. А на 15 јули кога ќе почнат да стигаат резултатите таму некаде после 10, 10 ипол, вратат нема да ја најде од големиот пораз кој што му следува. Еве јавно уште еднаш го повикувам да излезе со мене на ТВ дуел еве следна прилика е во петок и заеднички да поразговараме што програма јас нудам, што програма тој нуди, што тој направил досега и дали луѓето треба да му дадат втора шанса или што е тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи во следниот период за мене и на ВМРО-ДПМНЕ да ни дадат шанса, рече Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.