Александар Николоски Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборната единица 4, денес одржа трибина со младите во Струмица насловена „Младинска политика и меѓународни интеграции и перспективи“.

Николоски истакна дека Република Македонија не може да започне преговори со Европската унија поради криминалот и корупцијата на Зоран Заев.

Не може да почне преговори со Европската унија заради неговиот криминал и корупција.
Имаме најкорумпиран поранешен премиер од било која држава во Европа и затоа Македонија не почнува преговори со ЕУ. Затоа сте потребни сите вие да ја направите промената на 15 јули, вели Николоски.

Николоски ги повика младите да излезат масовно на 15 јули и да ја направат промената во Македонија, односно како што рече тој младите се тие кои што можат да ги направат промените и наместо да се гледаме надвор иселени од Македонија, својата иднина да ја градат во сопствената држава.

Ве повикувам на 15 јули масовно да излезете. Потребно е да ја направиме промената за конечно Македонија да ја извадиме од оваа криза во која што е пропадната. За да се гледаме тука во Македонија, а не да се гледаме во Швајцарија или Германија. Да се гледаме тука а не да се гледаме иселени надвор.
Тоа го можеме и тоа е мојата желба, токму затоа ве повикувам на 15 јули бидејќи младите се тие кои што можат да ја направат промената. Така беше 2006 година, таа генерација на УМС, мојата, нашата генерација на УМС ја направи промената во 2006 година, убеден сум дека вашата генерација ќе ја направи промената сега во 2020 година, изјави Николоски.

Toj упати неколку пораки до СДСМ и Зоран Заев.

Слушам и тука по Струмица и по државата, зборуваат абе види ќе изгубиме, ама некој друг ќе ни направи влада. Да ги поздравам, толку многу ќе изгубат што вратат нема да знаат да ја погодат некаде околу 23 часот навечер, а не пак да чекаат било кој влада да им прави.
Втор поздрав слушам Зоран Заев тргнал по амбасади за да убедува дека треба да продолжи неговата политичка кариера после поразот на овие избори, да му порачам тоа е одлука на СДСМ, ако СДСМ реши дека треба губитник да им остане за претседател на партијата со среќа нека им е. Нас ни треба реформирана опозиција која што ќе може да ние партнер, но во исто време да ни парира и да не поучува на грешките.
Го слушам оди ваму таму и се обидува да избегне одговорност за сиот криминал и предавства кои што и ги направи на Македонија во овие три години. Па да го поздравам да не се мачи и да го поздравам исто така кога последен пат имал средба билатерална со било кој европски и светски државник. Јас ќе го потсетам тоа последен пат се има случено пред да излезе случајот Рекет во која што го видовме со рацете во медот, односно видовме торби полни со пари. После таа афера никој не сака да се сретне со него затоа што со корумпиран политичар никој не седнува на иста маса, порача Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.