Денеска во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија гостин е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој говореше околу претседателскиот кандидат на неговата партија, Гордана Силјановска Давкова.

-Во моментов го имаме најквалитетното решение кое што Република Македонија воопшто како држава може да го понуди како претседател на Република Македонија. Имаме една апсолутно стабилна личност, позната и призната во својата професија.

Тој вели дека таа е без скандали во својата кариера. Николоски посочи дека за него е важен цврстиот став на Силјановска Давкова околу територијалната поделба на Македонија, како и за двојазичноста.

Тој порача дека СДСМ и ДУИ не може да бираат консензуален кандидат, туку таквиот кандидат кој ќе го изберат ќе биде кандидат за Заев и Ахмети.

-Не може тие да зборуваат за консензус затоа што не претставуваат мнозинство од народот кој живее во Македонија, а камоли да ги претставуваат сите па да зборуваат за консензус. Да имаше предвремени избори ќе беа дебело поразени, како што ќе бидат поразени на претседателските. Има консензуален кандидат за македонскиот народ, а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова, порача Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.