Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска во Луксембург каде што се одржа Советот за општи работи на ЕУ, оствари средби со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто.

Во Луксембург на бројни средби со врвни политичари. Се сретнав со голем број политичари меѓу кои и мојот пријател, министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто. Силно се залагам за Македонија да добие почеток на преговори со ЕУ, граѓаните тоа го заслужуваат! = напиша Николоски на фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.