Потсмевање со наставниот кадар и со сите кои протестираат, затоа што 10% покачување во образованието за да и е јасно на јавноста е некаде од 1.800 до 2.400 денари, па нека размислат дали со толку дополнително може да се преживее месецот во услови кога млекото е поскапено за 60%, маслото за 100%. Ако порано за 1000 денари се излегуваше со полни торби од маркет сега за толку не може да се купат повеќе од 5 производи, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во „Тема на денот“ во дневникот на Сител во врска со штрајкот на СОНК.

Николоски вели дека власта си поигрува со животниот  стандард на наставниот кадар и затоа е оправдано да продолжат да штрајкуваат.

Исто така сакам да изразам поддршка на Конфедерацијата на слободни синдикати и на нивниот протест на 26 април, затоа што сметам дека апсолутно се оправдани барањата затоа што со овие плати во услови на вакво поскапување не се живее. Главен виновник за поскапувањата е владата, затоа што криза и војна има за сите држави, но не во сите држави, други и во нашето опкружување има вакви лоши услови, рече Николоиски.

Тој посочи дека Македонија по сите параметри ќе заврши како најлоша држава, со дефицит на буџетот од некаде над 8% и инфлација која може да оди до 10%, што значи енормно поскапување и затоа се оправдани барањата на СОНК и наставниот кадар и на КСС, и на сите останати.

СДСМ кога кажува дека покачила плати во образование игра со статистика затоа што не кажува дека инфлацијата тогаш беше 0,5 до 1%, а имаше и години и без инфлација. Клучното е колку вредат парите, а не колку имате. Важно е што може да купите со парите. СДСМ треба да одговори што во 2011 можеше да се купи за 24.000 денари колку, а што за толку може да се купи во 2022. Мислам дека сите ќе се согласат дека пола од работите кои во 2011 може да се купат, сега не може, нагласи Николоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.